Габриела порачува: Остваете ја работата и правете многу пари на Инстаграм

Дваесет и едногодишната Габриела Епштајн заработува огромни суми на пари на Инстаграм Девојката од Квинсленд има скоро 700.000 следбеници на Инстаграм и тоа дебело го наплаќа.

cica-339x1921

Популарноста на Инстаграм и секојдневното објавување на фотографии може да ви донесе повеќе пари отколку да работите, тврди девојката од Австралија која одлично заработува благодарение на фотките кои ги објавува.

Имено, кога личноста на Инстаграм собере повеќе од 100.000 фанови, големите компании започнуваат да го забележуваат тој профил. Тие ги користат профилите на тие луѓе за да се рекламираат, а често покрај плаќањето делат и подароци за промовирање на нивните производи.

74-660x300

“Дефинитивно повеќе заработувам од Инстаграм отколку кога работам. Пред половина година често патував во Бризбејн поради работа. Откако ќе платам 20% на агенцијата и сите даноци, како модел ми останува многу малку”, вели таа.

Таа на својот профил рекламира облека, накит и козметика кои се вклучени во објавите кои се однесуваат на нејзиниот секојдневен живот. Некои нејзини фотографии имаат и повеќе од 25.000 лајкови.

11821721890102394399176910598113n

Ангажманот е клуч за компаниите кои плаќаат по неколку стотина долари за само еден пост. Маркетингот кој го прави во неколку недели за одредени компании и донесува заработка од неколку илјади долари.

Коментари

Популарно