Фото: Крена раце од естрадата и ужива со постариот сопруг

Пејачката Мартина Димовска и покрај тоа што немаше благослов од нејзиното семејство, сепак летово одлучи да се омажи за 15 години постариот бизнисмен Антонио Парапуловски. За него ова е втор брак, а од првиот има и дете, додека пак пејачката за прв пат ќе се соочи со улогата родител.

martina

И покрај разликата во годините парот ужива во љубовта, а тоа се гледа од фотографиите што некогашната пејачка ги прикачува на социјалните мрежи. Според пишувањата на медиумите таа периодов треба да е во петтиот месец од бременоста. Кога станува збор за нејзината кариера во една пригода Мартина изјави дека кренала раце од естрадата, барем засега.

martina2

- Малку сум разочарана од целокупната состојба кај нас на естрадата и немам волја за работа. Чекам подобри времиња.

martina3

martina4

martina5

Извор: Вистина.мк

Коментари

Популарно