ФОТО: Македонец и прати писмо и подарок на Меркел, за чудо му одговорила!

Македонецот Митко летово го следел говорот на Ангела Меркел во врска со Македонија и спорот за името со Грците. Поради чуство на благодарност кон Меркел за застанувањето на страната на Македонија, Митко и` испратил писмо и подарок.

fb-stranapismo

Ова е неговата приказна која ја објави порталот think.mk.

- Во месец Август решив да и пратам на Германската канцеларка Др.Ангела Меркел Витамин Ц од 1000 мг. и антистрес додаток во исхраната Rhodiolin бидејќи нејзината работа е стресна и напорна. Благодарност за нејзиниот напор да Македонија биде дел од ЕУ, НАТО и други меѓународни институции во мое лично име и` пратив писмо и подарок. Бидејќи не ја знаев адресата на Бундестагот јас само адресирав Др. Ангела Меркел-Берлин-Германија. Во пошта некако чудно им дојде кога прочитаа на кого праќам и згора на тоа ме убедуваа дека пратката ќе ми биде вратена бидејќи адресата не е целосна. Но јас им реков ако ми ја вратат добро ако не ми ја вратат пак добро. Но јас бев упорен и убеден дека поклонот ќе стигне до нејзини раце и дека ќе ми испрати благодарност во писмена форма само не го знаев денот кога ќе го добијам писмото. После месец дена се случи баш тоа. Добив благодарност од канцеларката за тоа што се грижам за нејзиното здравје и им наредила на протоколот да ми испратат писмо и фотографија со нејзин потпис. Сега тоа писмо и сликаа ги чувам со посебно внимание.

Инаку Митко e член на CaliVita International. Патем, ова е писмото што го испрати Ангела Меркел како благодарност:

pismo pismo-001_thumb_medium500_667

Коментари

Популарно