Највисокиот стаклен мост распука под нозете на туристите

Во Геолошкиот парк на планината Јунтаи во Кина, неодамна распука стаклениот мост и ги преплаши туристите кој во моментот пешачеле по него. Атракцијата е поставена на повеќе од 1.000 метри над земјата, па луѓето ги фатило голема паника.

most

Ли Донг Хаи турист кој бил на стаклениот премин, објаснува дека непосредно пред крајот на турата, слушнал звук, а кога погледнал надоле забележал дека една од плочите е пукната. „Многу луѓе почнаа да врискаат. Јас викав дека стаклото пукна и ги буткав луѓето пред мене за побрзо да избегаме“ - вели тој.

most11

Портпаролот на туристичкото биро на паркот изјавил дека стаклото пукнало откако на еден турист му паднала метална чаша. Сепак, тој појаснил дека туристите не биле во опасност бидејќи се скршил само првиот од трите стаклени слоеви.

Стаклената патека беше отворена во септември, а сега ќе биде затворена на неопределен период. Стаклените мостови и патеки се многу популарни во Кина, а непосредно по отворањето на овој, во Кина беше отворен и највисокиот стаклен мост во светот, додека уште неколку се во градба.

Коментари

Популарно