На 25.10.2015. во 20.10 часот на ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со 6-та високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец) со прснат воденик при што истекуваше гнојава содржина од утерус и истата имаше непријатен мирис како и сите тешки знаци на инфекција . Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од ЈЗУ У ГАК ,и анестезиолози од Карил , како и на раководниот тим на ЈЗУ У ГАК кој беше повикан и присутен на клиниката.
Семејството на пациентката беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката.
И покрај сите заложби на персоналот за жал дојде до смртен исход.
Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состана за овој случај со цел да се направи увид во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури.
Ги замолуваме средствата за јавно информирање и пошироката јавност до добивањето на обдукцискиот наод од релевентните институции како доказ за дефинитивна причина поради која настапила смртта , да не објавуваат шпекулации во врска со случајот кои дополнитено би ја вознемириле јавноста и семејството
(Интегрален текст од соопштение наУниверзитетската клиника за Гинекологија и акушерство - Скопје)