Џем од тиква и јаболко

Состојки:

• 1 кг исчистена тиква

• ½ кг јаболка

• 1 лимон и портокал

• 100 гр шеќер

• 1 лажичка цимет

• ½ лажици морско оревче

dzeeeem_third

Подготовка

Тиквата и исчистените јаболка се сечат на коцки и се варат во 5dl вода (2 чаши) 20 минути. Измешајте ги со миксер варената тиква и јаболката, додадете шеќер, сок од лимон и портокал, цимет и морско оревче и сето тоа мешајте го заедно уште 15 минути.

Топлиот џем сипете го во измиени,чисти и топли тегли, затворете ги и оставете да се изладат. Ако сакате можете да ја зголемите количината на шеќер.

Коментари

Популарно