Сончево време со температура во секојдневен пораст

esenskosonce1Денеска е вторник, 10 ноември 2015 година, 314-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 51 ден.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути.

Денов трае 10 часа и 4 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 46 минути, а ќе зајде во 15 часот и 53 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а поголемо наоблачување ќе има во североисточниот дел од земјава. Ќе дува умерен долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ дневната температура ќе биде во благ пораст, меѓутоа од сабота повторно ќе опаѓа.

Коментари

Популарно