Словенија дига ограда на границата со Хрватска

Словенија донесе одлука: Тие дигаат ограда на границата со Хрватска

На премиерот Милановиќ му реков да се воведат технички бариери за да се спречи ширењето и дека ние ќе продолжиме да работиме околу приемот на имигранти, изјави Церар.

Словенија донесе конечна одлука, следните денови покрева ограда на границата со Хрватска. Потврди во вторникот, словенечкиот премиер Миро Церар.

- Решивме дека во наредните денови на шенгенската граница, што значи и на границата со Хрватска, да се воведат технички мерки за заштита на границите и бариерите, што вклучува и ограда. Таа ќе ги усмерува бегалците на прелазните премини. Границата останува отворена. Јас разговарав за тоа со мојот хрватски колега Зоран Милановиќ – рече Церар.

An Austrian policewoman tries to maintain order as a migrant climbs over a fence at the border between Spielfeld in Austria and the village of Sentilj

На ден ќе примаме толку имигранти колку што можеме. Може да се случи некој ден бројот да биде поголем. Тоа е од суштинско значење за да имаме непречен проток. На премиерот Милановиќ му реков да се воведат технички бариери за да се спречи ширењето и дека ние ќе продолжиме да работиме околу приемот на имигранти. Двајцата се согласивме дека поставувањето на бариера е знак дека сме сериозни во врска со заштитата на шенгенските граници. Милановиќ рече дека ќе ја почитува мојата одлука. Немаше спорови. И тука разговорот заврши. Тој е во специфична ситуација, поради изборите, и многу од ова зависи од тоа кој ќе биде новиот премиер, но сега за сега Милановиќ е мојот соговорник – рече Церар.

Церар не сакаше да каже точно колку мигранти секојдневно ќе примаат од Хрватска.

- Онолку колку што ќе можеме, без да го загрозиме слободниот проток кон Австрија - рече тој.

Тој посочи дека овие се стандардните мерки за кои се вежбала армијата и полицијата. Распрсканите бегалци и имигрантите ќе ги насочуваат кон прелазните премини. Со новинарите не ги сподели деталите, бидејќи податоците се доверливи. Сепак, Церар рече дека Хрватска се уште ќе биде во можност да ги транспортира имигрантите со возови.

Тоа е првиот од рестриктивните потези во приемот на мигранти, кој во понеделникот го објави словенечката влада, оправдувајќи го со најавите за зголемен прилив на бегалци на така наречениот Балкански пат, и можноста дека Германија и Австрија ќе воведат ограничувања за нивниот прием.

Коментари

Популарно