ВИДЕО: Ѓоковиќ - Хрват, Турчин или жител на Екваторска Гвинеја?

Хрват, Турчин, жител на Екваторска Гвинеја ... Ѓоковиќ помина се. Најновиот гаф доаѓа од престижниот ESPN, кои покрај името на српскиот тенисер го ставија хрватското знаме.

Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои АТП турнирот од серијата Мастерс во Париз, а во текот на изминатите неколку години, тој беше Хрват, Турчин, па дури и еден жител на Екваторијална Гвинеја. ESPN во извештајот од турнирот во Париз покрај името на Новак стави хрватското знаме. Ниту АТП не е имун на гафови. Во јуни оваа година на официјалниот сајт на светската тениска федерација објави нова ранг листа, а до името на Ѓоковиќ го стави знамето на Турција. Ова не е прв пат српските спортисти да добиваат хрватски предзнак. Неодамна, ИААФ српската скокачка во далечина Ивана Спановиќ, ја прогласи за хрватица.

amerikanci-su-uz-okovicevo-ime-stavili-hrvatsku-zastavu-504x335-20151145-20151110180710-5eeeebe198b87493a4218ee5a1bf2ac2

И Канаѓаните имаат тешкотии со распознавање на двете знамиња. Официјалниот спикер на турнирот во Монтреал во 2007 година, Новак Ѓоковиќ го нарече хрватски тенисер. Новак не беше лут.

- Не сум Хрват, јас сум од Србија, но нема проблем - тогаш рече Новак.

Оваа година во Монтреал, Ѓоковиќ не го прогласија за Хрват, што е напредок. Но во турнирот на парови, Ѓоковиќ и Типсаревиќ ги прогласија за жители на Екваторијална Гвинеја.

Коментари

Популарно