ВИДЕО: Потресно сведоштво на медицинска сестра за пукањето на Клиника

На дигестивна хирургија нема да има операции до петок. Лекарите нема да работат ни во амбулантите.Ќе примаат само итни случаи. Пациентите ќе ги препраќаат во ГОБ 8 септември и старата градска болница. Ваква одлука донел стручниот колегиум на Клиниката по инцидентот во понеделникот кога беше застерелан нивни колега. Ова го подржува и министерот за здравство, јавува Сител.

untitledytj45y45yh54y45y45

-  Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

За настанот кој ја потресе македонската јавност, говореше и одделенската сестра. таа со многу емоции и вознемиреност раскажа за настанот: -Кога влегов таму беше свиткан, на самата работна маса, му реков Љубо синко што правиш, полека на кревет го легнавме, му реков дека не можам ни да излезам надвор. Не можев да земам ни завој, не можев да помогнам, вели потресената сестра.

Таа 41 година работи како медицинска сестра и вакво нешто прв пат и се случило да биде сведок на пукање во бел мантил. Се надева дека ова никогаш нема да се повтори.

За потсетување, во понеделникот три лица влегоа на Клиника и пукаа кон хирург кој ја оперирал нивната мајка, бидејќи таа подоцна починала во шок соба. Кон хирургот беа испукани пет куршуми, а насилниците го кршеле и инвентарот.

Коментари

Популарно