Червар разочаран од последните 15 минути и поразот од Запорожје

По одличните 30 минути во првиот дел од мечот против Мотор од Запорожје, избраниците на Лино Червар одиграа катастрофално лошо на стартот од вториот дел и ја подарија победата на гостите.

ffmpeg_generator_34_27810

Депримирано изгледаше Лино Червар, на прес-конференцијата по натпреварот, но најде сили да го признае поразот.

„Мотор заслужи да победи, затоа што издржа и не потклекна во решавачките моменти. Ние во првото полувреме почнавме со длабока одбрана 3-2-1, на моменти и со 6-0 и добро ни одеше, бевме агресивни. Во вториот дел нашата одбрана падна, не беше толку цврста, а тие тоа го искористија, особено поискусните Шелменко и Пуховски, во најважните минути. Во последните 15 минути тие играа многу добро во одбраната, а нашите напаѓачи, дури и поискусните, беа беспомошни. Малку тешко беше да се очекува дека младите ќе ја разбијат таа зона, а немавме ниту шутеви од надвор. Имавме добри моменти, 40 минути одлично се држевме, но го прокоцкавме тоа во последните 15 минути“, изјави Червар.

Коментари

Популарно