ВИДЕО: Еве како било на концертот пред самиот напад

Членовите на американскиот бенд "Eagleas of Death Metal", кои настапувале во концертната сала "Батаклан" во Париз, неповредени ја напуштиле истата, како и членовите на предгрупата "Duo White Miles". Само неколку моменти пред упадот на терористите во салата, 1.500 обожаватели уживале во музиката.

327733-objaveni-snimki-od-koncertot-koi-nastanale-neposredno-pred-napadot-video

Членовите на бендот "Eagles of Death Metal" побегнале низ вратата зад бината, која водела кон улицата, а нападот на концертната сала започнал за време на изведувањето на шестата песна, која била прекината од автоматското оружје.

"Беше толку гласно, погласно од бендот, чии членови веднаш легнале на бината. Кога станале, за да заминат на безбедно место, виделе мажи со пушки кои пукале на сите страни", рекол Мајкл Дорио.

327734-objaveni-snimki-od-koncertot-koi-nastanale-neposredno-pred-napadot-video

Бројните фотографии и снимки сведочат за добрата забава на концертот, пред истиот да биде прекинат со масакрот.

Некои од обожавателите ги објавувале видеата и фотографиите веднаш кога ги направиле, без да помислат на ужасот кој ќе настане, додека некои биле објавени неколку часа по масакрот.

Ова е последната фотографија направена пред масакрот.

327735-objaveni-snimki-od-koncertot-koi-nastanale-neposredno-pred-napadot-video

Коментари

Популарно