Тероризмот од Париз доаѓа во Македонија

Секоја генерација израсната во Македонија имала своја битка и цел, па така Гоце Делчев и Комитите се бореле за ослободување од Османлиската империја. Следеле Балканските војни и двете светски војни. Па генерацијата на АСНОМ и обновата на Федеративна Југославија. Конечно независна Македонија и сите предизвици во неа, за денеска да дојде времето на нашата генерација. Моментот кога ние треба, мора да застанеме исправени до великаните од историјата, во спротивно...

2e6cd76400000578-3317776-image-a-53_1447466002749-22185

Кога пред неполн месец пишувава за падот на САД и војната во Европа, не помислив дека толку бргу ќе ни дојде. Искрено, се надевав дека ќе имаме уште барем шест месеци за подготовка и внатрешно помирување, но згрешив. Пред два дена Париз во крв, Европа во шок, светот каков што го знаеме – мртов! Готово е нема назад! Како домино ќе се сруши отворената Европа. Границите ќе се затворат, а меѓуверската омраза ќе се шири. Се до точка кога Балканот нема да може да издржи и „мотивиран“ од Империјата ќе пламне како буре барут.

Уште неичистена крвта на улиците во „градот на светлината“, а УНХЦР веќе се спрема на македонско тло да прими 60.000 мигранти. Колку и да ви звучи оваа бројка голема, нема да биде финална. Ова е само почеток. Иако, сега веќе постојат докази дека барем еден од терористите од нападот во Париз, дошол во Европа како мигрант, малата Македонија треба да прими цел град од нив! Звучи неверојатно, нели? И Охридскиот договор звучеше неверојатно, и законот за територијална поделба на локалната самоуправа звучеше нереално! Договорот во Пржино, звучи дури и смешно! Но, сите постојат. Сите поминаа! Сега веќе на мала врата се најавува и лабава федерализација на Македонија, па освен политичари од албанскиот блок и еден новинар (Македонче) реши да го испроба пулсот на Македонците на темата. Кога на сето ова ќе се додаде дека во мрачното сценарио влегуваме со неуставна, техничка власт, каде највисоко тело не е парламентот или уставниот суд, туку ДИК во која членуваат и странци и Катица Јанева, ситуацијава станува и премногу сериозна.

Јасно е дека во Македонија нема политичка опција која е спремна да застане пред црното сценарио на нашата држава. Доказ затоа е договорот во Пржино. Ниедна партија во својата предизборна кампања не понуди газење на Уставот, но кога дојде Нуланд, ниту една политичка опција не се сврте кон народот да побара референдум. Нашите политичари, кои за себе сакаат да изградат слика на спасувачи на Македонија, не продадоа без мандат да го направат тоа! Го изгазија едиствениот документ кој гарантира Уставен поредок и од кој произлегуваат сите човекови права на оваа територија! Тие го направија своето, сега е ред на нас. Време е ние да бидеме браникот на ова мало парче земја кое го викаме Татковина. Нема веќе префрлање одговорност. Нема барање виновници во Груевски, Заев, Тачи, Ахмети, Бранко.... Сега е наше време. Време е македончето да се разбуди во Македонец и јасно да каже НЕ! Обединети, без политички пароли и мотиви, гласно пред светот, ДОВОЛНО БЕШЕ! Дојде времето на нашата генерација. Моментот кога ние треба, мора да застанеме исправени до великаните од историјата, во спротивно... Во спротивно Македонија ќе остане само сеќавање.

Знам дека добар дел од вас се истрошени од тешкото секојдневие, борбата за достоен живот и подобро утре. Знам дека ви е преку глава од лаги, поделби, неправди, но во следниве неколку месеци следува правиот тест. Ова е перидот што ќе не дефинира како генрација, како нација. Ако се разбудиме, силни како некогаш, можеби и политичарите охрабрени од народот ќе застанат и ќе се борат за нашиот дом. Единствениот што го имаме.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно