ФОТО: Тешка сообраќајка во Чаир

Едно лице со потешки повреди со возило на Брза помош е префрлено во Ургентен центар после старотната сообраќајка што се случи вечерва околу 19.15 часот на крстосницата на улиците Втора Македонска бригада и Ќемал Сејфула, на самата граница на општините Чаир и Бутел. Среќа во несреќа е што сообраќајката се случи точно пред Поликлиника Чаир, во чиј објект е и пунктот на Брза помош, па реакцијата на луѓето во бело беше експресна.

20151115_192402

20151115_192413

Во силниот судир на автомобил „голф 4“ и „ауди“ караван целосно се оштетени предниците и моторите на двата автомобила. Од голфот е излеано дизел гориво.

Полицијата се уште не стигнала на увид, а поради поставеноста на двата автомобила, сообраќајот се одвива крајно отежнато.

Фото: Плусинфо

Коментари

Популарно