Потресно сведоштво на Срби повредени во Париз

Во терористичките напади во петокот во Париз повредени се 30 српски државјани, а некои од нив и понатаму се во тешка состојба, пишува весникот „Вечерње новости“.

povredenisrbiiijpgil78oi78o78

Со најтешки повреди се здобила брачната двојка Павловиќ. По Љиљана се трагало речиси два дена додека не била пронајдена во една од болниците. Неа ја повредиле шрафови што се наоѓале во експлозивот кој го активирал еден од терористите, а Ацо е надвор од животна опасност, иако и понатаму е во тешка состојба.

Белградскиот весник во печатеното издание наведува дека Павловиќ се повредени пред стадионот „Франција“ каде што продавале шалови.

- Се свртев да запалам цигара кога почна нешто силно да пука, сите исполегнавме на земја. Вистински хаос… Мајко моја… што прават овие лудаци – рекол Ацо Павловиќ.

Уште еден српски државјанин, Раде Васиќ, исто така е во болница, а неговата сопруга раскажала што се случувало во петокот:

- Кога почна натпреварот влеговме во „Мекдоналдс“ да вечераме. Тогаш влезе некој со пиштол, па нѐ исфрлија надвор. Се вративме на паркингот, каде што бевме пред тоа, не поминаа пет минути кога нешто почна да пука, навела Сузана Васиќ.

Според сознанијата на „Вечерње новости“, една државјанка на Србија се наоѓала во кафулето во улицата „Шарон“, кое исто така беше цел на терористите, но за среќа поминала без повреди.

Коментари

Популарно