Страв од терористички напади: Одложен мечот Германија- Холандија, стадионот се евакуира!

Вечерашниот меч кој требаше да се игра во Хановер помеѓу фудбалските селекции на Германија и Холандија е одложен, велат последните информации кои ги лиферуваат светските медиуми.

2258182_heroa_thumb_medium500_347

Поради стравот од нови терористички напади на спортските терени по масакрот во Париз, и покрај најавите дека дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, последните информации говорат дека мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.

Иако беше најавено дека на мечот ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, истиот е одложен откако се појавила сериозна закана од тероризам.

Попладнево на улица во центарот на Хановер беше оставена торба што крена паника меѓу граѓаните, а германската полиција најави дека во текот на ноќта ќе излезе со официјално соопштение за причините за ваквата одлука.

Коментари

Популарно