ФОТО/ВИДЕО: Ова е убиецот на војниците кој се разнесе

322049

Енес Омерагиќ, кој вчера вечер во сараевската населба Рајловац убил двајца војници на Вооружените сили на БиХ, извршил самоубиство во неговата куќа, пренесе Бета од безбедносни извори во Сараево.

Според непотврдените информации, тој е разнел со експлозив. Омерагиќ вчера вечер во сараевската населба Рајловац во една спортска обложувалница уби двајца војници на Воените сили на БиХ, а потоа пукал на градски автобус, ранувајќи уште еден војник, а со  полесно повреди се здобиле  уште две лица.

Омерагиќ бил припадник на селафијското движење, објавија сараевските медиуми. Официјално се уште никој не потврдил дали во Рајловац се случил терористички акт.

Телевизијата на Федерацијата на БиХ објави дека напаѓачот откако влегол во обложувалницата каде почнал да пука по војниците викнал „Алах е голем“.

322050

Убиените војници се еден Бошњак и еден Србин кои работеле на формациските места возачи во батаљонот во Бригада  за тактичка поддршка на Воената полиција.

Коментари

Популарно