Уапсена српска следбеничка на ИСИЛ – била тренирана за самоубиствени напади

Српската државјанка Е.Џ (21), следбеничка на ИСИЛ е уапсена вчера во БиХ.

ISIS-zena500

Таа била добро тренирана за самоубиствени напади и е подготвена со своите истомисленици да изведе терористички напади на овие простори, пишува српски „Блиц“.

Како што пренесува порталот, девојката наводно имала задача да собира податоци, но и да врбува други жени во редовите на ИСИЛ. Според податоците на српските безбедносни служби таа се споменува и како најблизок соработник на радикалниот вахабистички лидер од Горна Маоча.

Како што пренесува Блиц, Е.Џ. е добро тренирана за самоубиствени напади.

Коментари

Популарно