Научно докажано: Турција лаже, а и Руската верзија не е можна!

Иако помина доволно време, сеуште нема официјална информација што точно се случило при рушењето на рускиот авион од страна на турската армија. Каде точно бил погоден рускиот бомбардер и дали и мало предупредување,  засега останува мистерија. Затоа се вмеша науката, односно  научниот портал Motherboard  повикувајќи се на пресметки на научниците од Католичкиот универзитет Лувен во Белгија.

Untitled

Врз основа на достапните видео материјали и мапи на теренот на коишто е прикажан инцидентот, како и изјавите на Турција и на Русија, астрофизичарите Том Доорселаере и Џовани Лапенти, пресметале дека брзината со којашто летал соборениот руски „Су-24М“ би требало да изнесува околу 980 километри на час.

При таква брзина, имајќи предвид дека рускиот бомбардер можел да навлезе околу два километра во турскиот воздушен простор, тој би требало да го измине растојанието „за неколку секунди, но никако за 17, како што тврди турската страна“, напишаа научниците на блогот на официјалната страница на универзитетот.

Исто така, официјалните податоци за 10 предупредувања за кои вели Анкара, би требало да дадат во интервал од 7 секунди, што е физичко неизведливо, сметаат белгиските астрофизичари.

Научниците, исто така, го доведуваат во прашање претходното соопштение за тоа дека за тоа дека 10-те предупредувања од турските пилоти до рускиот екипаж биле направени за пет минути. За тоа време при брзина од 980 километри на час, авионот можел да измине околу 80 километри, се додава во статијата.

„Како турските воздухопловни сили можеле да предвидат дека рускиот авион ќе го наруши турскиот воздушен простор? Воените авиони имаат големи перформанси за маневрирање и теоретски можат да скршнат во последна секунда. Така што, всушност, тврдењата дека на пилотите биле упатени какви и да се предупредуваа, во овој момент, претставуваат неосновани аргументирања“, заклучуваат Доорселаере и Лапенти.

Сепак, и верзијата на Русија е неверојатна. Русија тврди дека авионот свртел за 90 степени откако бил погоден и дека активно се обидувал да го избегне турскиот воздушен простор.

Физичарите објаснуваат дека на таа брзина „промена на курсот за 90 степени може да се постигне само со предмет што е многу пати потежок или побрз од млазниот авион.“

Коментари

Популарно