Црна Гора доби покана за членство во НАТО

Одлуката на министерскиот совет на НАТО за Црна Гора ја соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг кој изјави дека станува збор за историска одлука.

meme

Тој додаде дека НАТО ја продолжува политиката на отворена врата за сите други кои сакаат да станат членки на Алијансата. Тоа според него ќе ја зголеми безбедноста, како и стабилноста и демократските вредности во регионот. Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ изјави дека станува збор за важен чекор не само за неговата земја, туку и за регионот.

Коментари

Популарно