СКОПЈЕ: И раскинал, па сакал да ја убие со ножици!

Дваесетиосумгодишната скопјанка А.Л., вчера вечерта пријавила во полициска станица дека околу 15.30 часот во Скопје на улицата Владимир Полежановски во бутик, заедно со својата сестра отишла да разговара со Б.Ѓ.(1969) од Скопје, поради тоа што тој ја раскинал љубовната врска со сестра и.

81357_vest_srpska-policija

Откако таа му кажала дека ќе го информира неговото семејство за љубовна врска, скопјанецот станал агресивен и од фиока од бирото земал ножици и се нафрлил кон девојката.

Меѓу нив застанала сестрата и го оттурнала насилникот кон тоалетот, додека А.Л. излегла од бутикот и го пријавила случајот во полиција.

Додека таа била надвор пред бутикот Б.Ѓ. излегол по неа и почнал да и се заканува по животот.

Коментари

Популарно