Денеска облачно и топло, за викендов...

mkd-78384

Денеска е петок, 12 февруари 2016 година, 43-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 323 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута.

Денов трае 10 часа и 26 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот и 46 минути, а ќе зајде во 21 часот и 46 минути.

Временска прогноза

Времето во Макеоднија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.

Коментари

Популарно