Почина родилка во Прилеп - Семејството обвинува за лекарска негрижа

Трагедијата се случила ноќеска во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп починала жена при пораѓање.

14838mala

Информацијата ја пренесува Макфакс, повикувајќи се на изјава на директорот на болницата, Петар Ристески. Според него, родилката починала ноќеска околу 1.50 часот, а новороденчето е живо, од машки пол.

Засега од болницата и од Министерството за здравство нема други детали за случајот. Надлежните најавија прес-конференција на којашто ќе биде соопштено што точно се случило.

Порталот Патоказ пренесе дека се работи за дваесет и едногодишната Симона Блажеска од село Беровци , која починала утринава околу 01 часот после полноќ починала на гениколошкото одделение во Болницата.

Според изјавата на роднините таа се породила околу 13.30 часот вчера. Ова и’ било второ породување и таа родила здраво машко бебе. Синоќа ситуацијата се искомплицирала и според семејството, биле носени лекари од Битола, но сепак Блажеска починува.

Семејството обвинува за лекарска негрижа и тие во моментов се собрани пред прилепската болница. Се очекува изјава од болницата – додава порталот.

Коментари

Популарно