ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да соработува со Ванхауте

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер Ванхауте, стои во соопштението од партијата. Во него стои дека одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ванхауте.

Ван хауте

Коментари

Популарно