ИСКРЕНО: Некогаш се срамам што сум Македонец

Како деца школскиот систем во тогашна СФРЈ не учеше дека љубовта кон татковината е многу важна. Речиси исто важна колку љубовта кон своите родители. Не дека некогаш ме убедија дека треба да ја сакам државата колку мама и тато, но лекциите влијаеа позитивно на мојата љубов кон родната држава. Иако големата држава се распадна, љубовта кон ова мало парче земја остана.

Untitled

Веројатно тоа е причината што никогаш не помислував да ја напуштам Македонија. До пред 2 години животот надвор од неа ми беше незамислив. И кога беше најтешко верував дека ќе биде подобро и бев горд што сум Македонец, но... Сега веќе не се чуствувам така. Искрено, на повеќе пати во изминативе 2 години чуствувам срам што сум Македонец или поточно што некои други ликови се Македонци. Уште повеќе се срамам што тие ликови имаат подршка од дел од моите сограѓани.

Последен пат вакво чувство доживеав вчера, при пресот на опозициската СДСМ на тема Избирачки список и сомнителни гласачи на него. Ликот кој го држеше пресот во име на Социјал Демократкиот Сојуз на Македонија настапи самоуверено, т.е. самобендисано и ја навреди интелигенцијата на секој кој го гледат пресот.

Најпрво сам ќе изјави дека: „Во Македонија владее криминална банда без легитимитет којашто не само што ги крадела парите на граѓаните туку го украла и нивниот глас“, сугерирјаќи на ВМРО и ја повика ДИК да објасни зошто изборната комисија решила да не се проверат 124.000 (според него) сомнителни гласачи.

Потоа на новинарско прашање рече: „Ние не тврдиме дека на овие гласачи некој им го краде нивниот идентитет. Бараме едноставно да се проверат. Може теоретски да испадне ниту еден да не е спорен, може да испаднат сите.“

Како тоа не тврдите? Типчево, инаку потпреседател на СДСМ, не помни што кажа 5 минути претходно на истата прес конференција! Истиот тој што гордо најави победа на СДСМ и на народот на следните избори, 30 секунди подоцна заборави дека го обвини ВМРО дека ги краделе гласовите?! Но, тоа не беше доволно, па побара од ДИК, во која членува СДСМ со два члена, исто колку и ВМРО, да го објасни своето решение. За да биде сево ова уште посмешно, кога се носел заклучокот членовите на СДСМ во ДИК ја напуштиле седницата! Но, и покрај тоа, ликов се осмели да каже дека СДСМ ја цени независноста и одлуките на ДИК!

Ок, прво да расчистиме една работа. Кога јас би решавал, не би чистел избирачкиот список, туку би направил целосен попис на населението. Најчиста работа. Кога веќе државава и политичарите во неа не се спремни на попис, секоја проверка во избирачкиот список мене ми одговара. Што значи дека сум поблиску до ставот на СДСМ за избирачкиот список, од оној на владејачката ВМРО. Но, тоа не значи дека некој самобендосан лик може или смее да ја потценува мојата интелигенција и да држи пресконференција на која ќе се негира во 12 секунди. Во која ќе обвинува без докази, на свои неиздржани хипотези, а потоа ќе лаже дека тој не обвинил никого и деа теоретски може се е во ред! Но, не е ликов мојот проблем. Јас не се срамам од него, тоа е работа не неговите родители, мојот проблем е со оние кои му аплаудираат. Моите сограѓани кои сега мене ќе ме обојат како ВМРОвец и платеник на Груевски. Токму оние кои не сакаат да го вклучат мозокот и да слушант што потпреседателот на СДСМ тресеше на пресот. Со колку ефтини лаги ги купува и ја срами нашата држава во светот. Со вашиот аплауз вие му давата моќ на ликов да продолжи. Со вашите лајкови на стаиите од медиумите блиски до неговата партија, на кои се пишуваше за 500.000 фантоми (не сомнителни гласачи, туку фантоми) вие ја подржувате лагата и станувате дел од неа. Вие станувате лагата и живеете во неа. Разликата меѓу него и вас е во тоа што ова него му е работа, така заработува за живот, а вие не.

Се додека добар дел од населението го мрзи да го вклучи мозокот, ние ќе бидеме „демек“ држава. Се додека не заслужиме подобро, ќе го добиваме ова со што не служат 25 години. Се додека во Македонија ликови како споменатиот, без разлика од која партија или невладина доаѓаат, добиваат аплаузи, ние ќе тонеме како држава, а јас ќе се срамам што сум Македонец.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно