СЕ ОЧЕКУВА АПСЕЊЕ: Познат идентитетот на убиецот на српската пејачка!

jelena-krsmanovic-foto-printskrinfb-1459702856-878545-48333

Извор близок на истрагата тврди дека полицијата го открила убиецот на српската пејачка Јелена

Свирепото убиство на пејачката на „Гранд“ Јелена Маријановиќ (33) во близина на Белград, наскоро ќе биде расветлено. Српските медиуми пишуваат дека на истрагата ѝ се ближи крајот и дека полицијата знае кој е сторителот.

Убиецот, кој на Јелена ѝ нанел повеќе од 20 удари во глава со тврд предмет, во населбата Црвенка, каде последен пат е видена додека џогирала, секој момент би можел да биде уапсен. Медиумите пренесуваат дека во истрагата се откриени бројни докази кои чекаат потврда од вештачењето и останати анализи.

Според зборовите на полицијата, тие ќе бидат завршени во текот на оваа недела, а извор близок на истрагата за српскиот „Курир“ тврди дека полицијата веќе го знае сторителот на страшното злосторство.

Инаку, вчера во Брчко во Босна и Херцеговина е уапсен Небојша Ројко (31) викан Вихор од Црвенка, поради сомнение дека е поврзан со убиството на пејачката што се случи минатата сабота.

Коментари

Популарно