Убиството планирано - Убиецот натпросечно паметен

Истрагата е се поблиску до крајот, но фактот дека полицијата повеќе од две недели не може да влезе во трагот на убиецот на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, според криминолозите, покажува дека станува збор за личност со натпросечна интелигенција.

hitportla-jelena-1-640x462

И покрај очекувањата на јавноста дека овој случај ќе се реши брзо, 15 дена по убиството, официјално не е објавен потесен круг на осомничени.

- Со сигурност станува збор за лице со натпросечна интелигенција, бидејќи убиството било многу внимателно испланирано. Сепак, српската полиција нема да се откаже, бидејќи нашите инспектори се многу упорни и посветени. Несреќната жена веќе ја нема, па ништо не значи дали убиецот ќе биде фатен денес или утре, но тоа сигурно ќе се случи наскоро. Подобро истрагата да потрае, отколку да биде обвинет некој што е невин - изјавил за српски „Телеграф“, криминологот Златко Николиќ.

Коментирајќи ги шпекулациите дека убиецот и Јелена најпрво за запознале на Фејсбук, кои почнаа да се шират откако се појави информацијата дека пејачката добивала закани преку оваа социјална мрежа, криминологот Николиќ рекол дека наодите од истрагата повеќе насочуваат кон тоа дека убиецот е некој од блиското опкружување на Јелена.

Коментари

Популарно