Патот во „Светот во световите“ оди со Филип Петровски

„Почетокот на сите почетоци можеби и нема почеток. Затоа и крајот на сите краеви нема завршеток“ – вели Филип Петровски во неговото најново литературно остварување под насловот „Во светот на световите“.

13090423_10153614921347781_33107032_n

Петровски ве повикува на едно лудо патување и запознавање на самите себе си, во неговото најново дело каде скриените пораки помеѓу листовите на книгата ќе ве однесат на почетокот на зачетокот на „Светот во световите“, која се наоѓа некаде помеѓу пишаните страници со кои ќе заминете во бесконечен и безвременски простор се додека не дојдете до последниот убаво пишан збор.

13089985_10153614920967781_1377285432_n

Филип Петровски е роден на 26.06.1993 во Куманово.

Студент е при факултет за музичка уметност во Скопје.

Со својот музички талент ја изразува својата суптилност ,својата харизматична особина, каде со тек на времето неговото душевно изразување,онаа внатрешно врело од емоции се продлабочува и самата креативност во неговот внатрешен свет како што е и неговото прво творечко дело “Светот во световите“составено од збирка раскази,кои едни со други се поврзани ,и даваат една целина од внатрешниот свет на самиот автор т.е Филип Петровски.

“Светот во световите “е продлабочен духовн растеж ,каде што авторот во неговото дело не води во неговиот амбивалентен свет збогатен со филозофски мудрости опишувајќи го неговиот севкупен начин, и размислување за животот и смртта ,како што и самиот автор вели дека живот и смртта се деца на бессмртноста.

Доколку сакате оваа дело да го имате во вашите раце можете да го контактирате авторо на неговиот „фејсбук“ профил.

Коментари

Популарно