ВИДЕО: Активисти на ПРОТЕСТИРАМ ја вандализираа родната куќа на Христо Узунов!

protetete

Обезбедувањето на Завод и музеј на Град Охрид ноќеска затекнало десет лица како ја вандализираат куќата во која е роден војводата Христо Узунов, која е музеј посветен на војводата и револуционерната дејност и е објект заштитен со Закон.

Чуварот на лице место ја затекнал Јована М. ( 24 ) од Струга која на куќата со спреј пишувала политички графити, а со неа биле уште десет други лица од Скопје и други градови на Македонија.

Полицијата ги привела , случајот е документиран, а спроед информациите од Завод и музеј на Град Охрид случајот е предаден во обвинителство.

protes1

Директорката Тања Паскали Бунташеска за Охрид1 вели дека нема намера да се повлече и дека ќе оди до крај во расветлувањето на овој случај.

-Куќата во која е роден славниот војвода Христо Узунов е заштитена со Закон уште од 1950 година. Во таа година не бил роден никој од политичарите против кои тие сега протестираат, а за делото на Христо Узунов нема потреба да елаборирам. Ова е надвор од разумот, вакво вандалзирање на култорноисториското наследство е недозволиво и јас како Директор на институцијата која е задолжена да го чува, конзервира и одржува културното наследство нема да стојам со скрстени раце и немо да гледам. Овој случај ќе го истерам до крај, а Полицијата ја повикувам поефективно да делува и да го сосече во корен ова – изјави Тања Паскали Бунташеска за Охрид1.

protes

СВР НЕМА ЛИФЕРУВАНО ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДВАТА ВНДАЛСКИ ЧИНА

СВР Охрид сеутше нема лиферувано инфроамција за јавност по овој случај кој се одиграл ноќеска. Во текот на ноќта во Охрид се случило уште едно уништување на општо добро со кршење на целиот новозасаден дрворед на патеката кај Студенчишта.

До сега портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски испрати само Велигденска честитка до граѓаните и соопштение дека Полицијата викендов ќе превзема превентивни мерки во јавниот ред и мир и сообраќајот, а се очекува да ја информира јавноста и за овие информации кои ги објавува Охрид1.

Коментари

Популарно