На 24 Април локални избори, во Септември предвремени избори!

СДСМ бара да се одложат локалните избори за 24 Април исто така потребна им е гаранција од Владата. А во таа гаранција се наведува за секој еден глас повеќе ако добие опозицијата на изборите за советници, во септември да се организираат предвремени парламентарни избори.

Црвенковски ги испорача финалните барања до Груевски. Тој побара од премиерот за да може да се организираат локалните избори да се пролонгираат до 24 април, а за возврат опозицијата да се врати во Собранието со што би се надминала политчката криза.

Доколку Груевски не ги прифати овие барања, Црвенковски рече дека опозицијата нема да учествува на локалните избори.

Лидерот на СДСМ рече дека без оглед на исходот од евентуалните локлани избори, тој ќе си поднесе оставка во партијата.

Коментари

Популарно