Драматично видео: Камерите снимија обид за убиство на уредник на весник во кој била откриена поврзаноста помеѓу Ердоган и екстремистите

tocka-195351

Во Истанбул било пукано на уредник на турскиот весник "Cumhuriyet" во кој биле објавени документи за кои се тврди дека ја откриваат поврзаноста помеѓу турските власти и екстремистите во Сирија.

Непознат напаѓач денес се обиде да го убие главниот уредник на турскиот весник "Cumhuriyet", Чана Дундар, непосредно пред уредникот да ја дознае пресудата во истанбулскиот суд. Да потсетиме, Дундар се најде пред судските власти откако весникот "Cumhuriyet" објави документи кои што имплицираат на тоа дека турските власти се поврзани со екстремисти.

Напаѓачот испука три куршуми кон уредникот извикувајќи „Предавнику“. Но, како што пренесуваат извори од Истанбул, Дундар не е погоден во инцидентот, но затоа е ранет еден негов колега.

Да потсетиме, тој и неговиот колега Ердем Џул се обвинети за „обид за соборување на власт“ со објавата на податоците.

Имено, во мај минатата година во весникот "Cumhuriyet" беа објавени податоци, а на онлајн изданието и видео снимка за која што се тврди дека ги прикажува припадниците на турските разузнавачки служби како товарат камиони со оружје кое им се испраќа на екстремистите во Сирија.

За репресијата врз новинарите во Турција доволно говори и податокот дека денес турските власти одлучија да „му стават клуч“ на најтиражниот весник во земјата - „Заман“ кој често знаеше да го критикува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турските власти пред два месеци насилно упаднаа и го превзедоа весникот, а сега е донесена одлука истиот да престане со работа, исто како и новинската агенција „Чихан“.

Коментари

Популарно