ПРЕДЛОГ РЕЦЕПТ - ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН

FIC_0355-750x330

Еве уште еден многу вкусен посен рецепт за супер кул јадење!

FIC_0322-780x1024

Потребни состојки:

2 модри патлиџани

250гр шампињони

20гр суви вргањ печурки

2 чешниња лук

2 моркови

Исечете ги модрите патлиџани од страна за да добиете задебелен дел со поклопец. Издлабете ги и меснатиот дел исецкајте го ситно. Зеленчуците исто така исчете ги ситно.

Во загреана тава (на средна температура) ставете малку маслиново масло и прво ставете го морковот да се пропржи. Морковот го испушта бета каротенот само кога е во контакт со загреано масло. По 2-3 минути додадете го лукчето. Сега е моментот кога кујната почнува да мириса на магија!

FIC_0328-1024x683

Додадете ги шампињоните и вргањот и пржите околу 3-4 минути. На крај појачајте ја ринглата и додадете го меснатиот дел од модриот патлиџан.

Внимавајте да не претерате со маслото, зошто модриот патлиџан и шампињоните се плодови со сунѓераста структура и многу брзо ќе го испијат маслото, на тој начин со сигурност ќе го упропастите овој рецепт. За да не дојде до уништување на ово преубаво јадење, секогаш треба да работите со малку потопла тава од регулар (тоа значи на високо средна-температура – мојата плотна оди до 9ка, а за овој рецепт ми беше пуштена на 7ка).

Откако ќе ги запржите зеленчуците, ги посолувате и јас им додадов бел бибер (го обожавам).

FIC_0339-683x1024

Ги полните модрите патлиџани, ги поклопувате со поклопците и ги ставате во загреана рерна на 200 степени. Печете 15 минути, потоа ги тргате поклопците и печете уште 15 минути.

Еве ви лесен и многу вкусен рецепт. Направете го за вашето семејство, споделете го и уживајте!

Коментари

Популарно