Со своите секси тоалети го „запалиле” црвениот тепих – Сите се вртеле по овие дами

tocka-195529

Најголемите ѕвезди на малите екрани минатата вечер се собраа во Лондон на доделувањето на BAFTA телевизиските награди, а некои дами изнеле сериозна доза на гламур на црвениот тепих. Заводливо облечени, тие ги привлекувале погледите, а доминирала најактуелната боја за оваа сезона – металик.

Аманда Холден

01-amanda-seksi

Судијата на британското шоу "Britain's Got Talent" се појавила во бајковито издание. Сивата тоалета украсена со светликава монистра одлично ѝ прилегала додека зад неа се простирала елегантна наметка. Стајлингот го комплетирала со софистициран сребрен накит.

Мишел Киган

02-mishel-seksi

Една од најубавите жени на денешницата блескала во тоалетата украсена со светкава монистра. Косата ја стилизирала во опуштена плетенка во стилот на вистинска грчка божица.

Алеша Диксон

03-alesha-seksi

Провокативната тесна тоалета во боја на сенф ѝ стоела како извајана на судијата на популарното британско шоу. Нејзината беспрекорна фигура дозволувала ваков смел моден избор.

Луси Мекленбург

04-lusi-seksi

И британската ријалити ѕвезда донела гламурозен сјај на црвениот тепих во металик долга тоалета. Малата чанта со бели каменчиња и минималистичкиот накит го дополниле нејзиниот совршен стајлинг.

Коментари

Популарно