Тага до небо: Наместо на свадба колегите им дојдоа на погреб

cvetana-adamov-dragica-felbab-sahrana-foto-sasa-urosev-1463843958-911303-56941

Спомените на нив ќе живеат, се додека и ние живееме! Тоа го порача, простувајќи се од Светана Адамов (28) и Драгица Фелбаб (30) порача нивната неутешна колешка Сузана Стојков.

Професионални, колегијални, насмеани и расположени. Такви беа нашите колешки Светана и Драгица. Наместо да ги спремаме за свадба, ги испративме на вечна починка, со очи полни солзи говореше Сузана Стојов од Ново Милошево, колешка на трагично настраданите медицински сестри од Зрењанин, кои во четвртокот доцна попладне загинаа додека патувале на работа во Кикинда.

cvetana-adamov-dragica-felbab-sahrana-foto-sasa-urosev-1463843958-911301

На нив, во тој кобен момент со џип од спротивниот правец налетал Немања Зец (33) од Белград.

Пред погребот на Драгица Фелбаб, која во саботата е погребана во Ново Милошево, пред нејзината куќа се собраа многу роднини, пријатели и сограѓани. Колегите во црнина, и со венци и цвеќиња во рацете, со неколку комби возила пристинаа од Кикинда:

adamov-cvetana-felbab-dragica-foto-sasa-urosev-1463755274-910883

-Требаше да одиме на нивните свадби, а не на погреби. Тоа е таа иронија на животот која секогаш не следи. Мора да бидеме силни поради нивните најмили, тивко говореше Сузана која со Драгица и Цветана 8 години работела во општата болница во Кикинда.

-Со нивните семејства и колегите се договоривме да не бидат погребите во исто време. Поради нивната добрина и великодушност, заслужија со еднаков пиетет да ги испратиме до вечното почивалиште. Најпрво ја погребавме Драгица во Ново Милошево, а потоа неколку часа подоцна Цветана во Елемир. Заслужија многу повеќе од ова, но ние ништо не можеме да им дадеме. Ќе останат сеќавањата на нив двете.

Ќе живеат додека живееме и ние, вели Сузана.

Зад Драгица Фелбаб остана нејзиниот вонбрачен сопруг Горан Иконов и нивниот четиригодишен син. Драгица и Горан планирале наскоро да склопат граѓански брат. Цветана Адамов и нејзиниот избраник Бојан Бакош планирале да се земат на 27 август.

Коментари

Популарно