ОФИЦИЈАЛНО: Ван Гал доби отказ од Манчестер Јунајтед

Заврши сагата на играчите и навивачите на Манчестер Јуанјтед. Холанѓанецот кој уништи повеќе отколку што создаде на Олд Трафорд оди во пензија.

olanda-lui-van-gaal-nu-se-da-la-o-parte-batavii-au-ca-obiectiv-clar-sa-bata-ungaria-si

Луј ван Гал повеќе не е менаџер на Манчестер јунајтед откако раководството на клубот и официјално му врачи отказ на холандскиот стратег помалку од 48 часа по освојувањето на трофејот во ФА Купот на Англија. Најавите дека одлуката за смена на Ван Гал е веќе донесена се реализираа утрово, откако искусниот стручњак со својот адвокат пристигна во тренинг-комплексот Карингтон.

На средбата со извршниот директор Ед Вудворд присуствувал речиси целокупниот стручен штаб на Ван Гал, па заедно со екс-селекторот на Холандија од „Олд трафорд“ си заминуваат и Алберт Стуивенберг и Франс Хоек, кои исто така добија отказ од функциите. Останува да се разреши единствено уште иднината на Рајан Гигс, кој ќе има директна средба со Жозе Мурињо пред да донесе одлука дали да му стане асистент на Португалецот или среќата да си ја побара нов клуб.

Весникот „Дејли мејл“ најавува дека Жозе Мурињо утре ќе ги финализира деталите и ќе го потпише договорот со Манчестер јунајтед, носејќи ги со себе на „Олд трафорд“ својот долгогодишен соработник Руи Фарија и тренерот на голмани, Силвино Лоуро.

Коментари

Популарно