Еве ја вистината: Џони Деп се огласи по шпекулациите за разводот!

sjfhfdsgdf

Откако во текот на вчерашниот ден светските медиуми ја објавија веста за разводот на 15 месечниот брак на Џони Деп и Амбер Херд, сите станаа нетрпеливи дали станува збор за вистина или не.

Она за што најмногу се зборува е тоа дека 52 годишниот актер не сака да го подели имотот со 22 години помладата Амбер, а кога ќе се земе во предвид разликата во нивната заработка, сосема е јасна одлуката на Деп.

Имено, неговиот вкупен имот се проценува на 400 милиони долари. Сепак, за среќа на актерот, по разводот ќе се дели само имотот стекнат за време на бракот, но и тука не станува збор за мала сума.

Форбс минатата година го стави Џони Деп на листата од најплатени актери поради заработката од 30 милиони долари само за една година. Неговиот портпарол за медиумите го објави следното соопштение:

-Земете ги во предвид краткотрајноста на овој брак и трагичниот настан што Џони неодамна ја загуби мајка си, и поради тоа тој нема да одговара на бројните шпекулации во медиумите. Тој сака да истакне дека прекинувањето на овој брак ќе биде финиширан што е можно побрзо“, гласи соопштението.

Амбер Хард во текот на вчерашниот ден е забележана на улиците низ Лос Анџелес, но не била расположена за изјава.

rjhjfgfhjtftm

Коментари

Популарно