ВИДЕО: Возило на Итната помош заглави во „Шарената револуција“

Возило на Итната брза помош денеска беше блокирано на раскрсницата кај мостот Гоце Делчев. Медимути пишуваат дека работело за пациент на кого му била потребна итна медицинска помош.

vozilo-480x261

Според информациите од терен, возачот на возилото гласно викал за да го пуштат, при што морал да заобиколува за да ја помине блокадата. Овој денешен случај е само последен во серијата инциденти предизвикани од опозициската “шарена револуција“ која протестира веќе подолг период.

Иако блокадите беа најавени како масовни, сепак и денеска опструирањето на сообраќајот беше извршено со паркирање на неколку автомобили на клучните мостови и повторно мал број на демонстранти.

Коментари

Популарно