ВИДЕО: Новиот Тесла - ова 13 годишно дете го запрепасти светот!

Јавноста веќе го споредува со големиот визионер Никола Тесла и го нарекува негов наследник. Макс Логан е 13-годишник кој конструирал уред кој создава бесплатна енергија.

10629188975769466accbae327995330_v4_big

„Звучи излитено, но од првиот ден знаев дека на оваа планета сум со причина“, вели Макс Лафин, 13-годишно момче кое конструирало уред кој создава бесплатна енергија, а јавноста веќе го споредува со големиот визионер Никола Тесла и го нарекува негов наследник.

Неговиот изум потсетува на Теслиниот трансформатор и работи на истиот принцип кој одамна го опишал Никола Тесла. Тоа што го истакнува овој уред е фактот дека е многу едноставен – ја собира електромагнетната енергија од Земјината атмосфера и ја претвара во струја која може да се употребува за напојување на електрични уреди.

Макс го осмислил овој уред во работилницата на неговиот татко која ја претворил во лабораторија, со материјали коишто ги купил за само петнаесет долари и докажал дека неговиот уред може да напојува низа LED светилки, како што покажува во приложениот видео запис. Неговиот електро-магнетен собирач на енергија се состои од една лименка од кафе, жица, две намотки и лажица и може да индуцира радио бранови, термална и статичка енергија и сето тоа да го претвори во употреблива електрична енергија.

„Оваа жица ја зема енергијата од воздухот и таа струја во конзервата од кафе можеме да ја претвораме во наизменична или еднонасочна“, објаснува младиот генијалец.

Достигнувањето на Макс е навистина впечатливо, речиси исто колку и фактот дека делата на Никола Тесла и денес ги вдахновуваат младите поколенија и следните генерации на пронаоѓачи, но на Макс му е чудно како тоа за некии идеи на Тесла биле потребни долги 75 години да се најдат во мејнстрим медиумите.

„Мојата цел беше да му помогнам на светот. Сакам да изградам иднина во која сите луѓе ќе можат да бидат среќни и безбедни“, вели Макс.

Коментари

Популарно