Спречете го потењето и непријатниот мирис со помош на неколку трикови

Нормално е и здраво човечкото тело да се поти, особено во време кога температурите значително растат. Но, испотените пазуви, дланки и залепената облека знааата да бидат многу непријатни. Луѓето кои се потат три или четири пати повеќе од останатите има големи шанси да патат од медицинската состојба наречена хиперхидроза. Но, и за тоа постои решение со кое можете да ја ублажите оваа состојба.

potenje

1. Не ја зачинувајте храната и намалете со кафето

Големата шолја кафе и многуте зачини се едни од главните фактори кои ги активираат неуротрансмитерите наречени ацетихолини. Се што ги стимулира овие трансмитери влијае врз жлездите кои го предизвикуваат потењето.

2. Користете антиперспиранти

Овие содржат алуминиумски соли кои кога ќе се нанесат на кожата создаваат чепови кои го блокираат потењето. Медицинските атиперспиранти се најдобри во ваков случај, па можете да побарате од дерматолог да ви препорача некој со кој најдобро би го спречиле потењето.

3. Ставете дезодоранс пред спиење

Производството на паот навечер е на најниско ниво, па активните состојки на антиперспирантите имаат најголеми шанси да навлезат во порите ида го спречат потењето наутро. Антиперспирантот можете да го ставите и наутро, но не се гриѓете дали тој се измил за време на туширањето зошто неговите состојки веќе се длабоко навлезени во порите.

4. Не дозволувајте дехидрација

Прекумерното потење може да доведе до дехидрација и топлотен удар. Овошјето и зеленчукот е добар извор за хидратација. Јадете многу манго и диња кои содржат голема количина накалиум.

5. Студена вода

Студената вода го потикнува потењето. Затоа туширајте се со млака вода и користете благо кисели сапуни. Тие ја чуваат заштитната кисела обвивка на кожата и го спречуваат размножувањето на бактериите на нејзината површина.

Коментари

Популарно