Кога се појави во 1987 на на Загребфест со песната „Noć od kristala” многу во неа веднаш препознаа ѕвезда.
Многу девојчиња од својте мајки бараа да им купат баш таков розев фустан каков што Тајчи носеше на познатиот настап во 1990 кога ја испеа песната "Hajde da ludujemo ove noći".
Татјана Матејаш Камерон денес има 46 години, живее мирен семеен живот во Лос Анџелес и се бави со поинаква музика.
Таа освои милионска публика со својте песни, необичен стајлинг и со нејзината неверојатна харизма. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека таа сеуште ја има таа енергија.