Ја прекинале свадбата за да гледаат фудбал

Јуни е вообичаено меѓу најпопуларните термини за свадби, па во текот на овој месец своето судбонско „да“ реши да го каже и една двојка од западна Херцеговина.

svadba-fudbal

Но, за нивна несреќа на тој ден и во истиот термин кога беше закажана свадбата, се играше и осминафиналната средба од Европското фудбалско првенство во Франција меѓу Хрватска и Португалија.

Во таква ситуација младенци и покрај свадбата не сакаа да се откажат од нивнита голема љубов кон фудбалот, па за време на прославата гостите можеа да го следат напреварот на голем видео бим.

За жал, младенците на крај не добија дополнителна причина за славење бидејќи Хрватска беше елиминирана, но секако ќе можат да се пофалат со една од најоригиналните свадби.

Коментари

Популарно