Секулов потпиша за Јувантус!

Младиот Никола Секулов, кој е роден во Италија, подолго време е на радарот на Јувентус и во неколку наврати бил на проба во „Старата Дама", конечно потпиша 4 годишен договор со италијанскиот гигант.

dUjhG-mkd-271106

Македонецот три години бил дел од академијата на Парма, но откако овој клуб банкнотираше, изминативе 12 месеци ги поминал во Про Пјаченца.

Тој е офанзивен фудбалер од средниот ред кој може да игра и по левата и десната крилна позиција, и се најавува како големо засилување за младинските категории на Јувентус

Никола Секулов ќе стане првиот Македонец што ќе го носи дресот на „Бјанконерите" и следната сезона ќе игра за У15 тимот на најтрофејниот клуб од Италија.

Коментари

Популарно