Од полноќ: Нови цени на горивата

Според последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит.

timthumb (1)

Останува да видиме каква ќе биде новата цена на горивата и дали ќе возиме поевтин или поскап бензин во сезоната на летните одмори.

Наредната корекција е закажана за денеска. Регулаторна комисија за енергетика ќе ја објави по 12 часот напладне. Цените ќе важат од полноќ.

Коментари

Популарно