ФОТО: Оваа Србинка ќе го негува Кристијано Роналдо

По страшната повреда во финалето на европското првенство во фудбал, на најдориот фудбалер на планетава му престои преиод на рехабилитација. Кристијано Роналдо одлучил рехабилитацијата од повредата да ја направи во соработка со српската надри лекарка Маријана Ковачевич, соопшти српското издание “Информер”. Услугите на Маријана во минатото ги користеа Франк Лампард, Робин ван Перси, Венсан Компани и Диего Коста.

deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-kristijano-ronaldo-126790

Таа е позната по нетрадиционалите методи, кои водат до брзо опоравување на нејзините пациенти. На Запад ја познаваат како надри лекарка која лечи со плацентата, бидејќи користи коњска плацента во терапиите.

Сега португалската суперѕвезда е решена да ја искористи моќта на Маријана. Тој заработи повреда на левото колено во еден дуел со Димитри Паје за време на финалето на Евро 2016. Првичните испитувања покажаа, дека рехабилитацијата би требало да трае околу еден месец.

Се очекува по одморот на Ибица, Кристијано да замине во Дубаи, каде ќе биде подлежен на третманот на Маријана, која ја смени практиката пациентите да ги лечи само во Србија.

7162016104136_marijanakovacevic

Коментари

Популарно