Шарена диета за пред одмор - набрзина изгубете ги вишокот килограми

Сезоната на летни одмори веќе започна, но доколку сеупте не сте отпатувале на некоја туристичка дестинација, а имате некој килограм вишок, оваа диета може на брзина да го реши проблемот.

thumb

Диетите коишто се базираат на изгладнување не даваат долгорочни резултати, бидејќи на тој начин изгубените килограми се враќаат многу брзо.

Освен тоа, тие организмот го оставаат без хранливи состојки неопходни за негово нормално функционирање, што може негативно да се одрази на целокупното здравје. Но, оваа диета не е воопшто таква.

Пробајте ја умерената, шарена диета којашто дава добри резултати. Доволно е да ги следите боите по денови и да се држите до овие добро избалансирани оброци.

Бел ден

Појадок: Фрапе од 2 дл млеко со низок процент на масленост и две банани

Ужинка: 1 банана

Ручек: Крем супа од печурки, грилувано пилешко филе, кришка интегрален леб

Вечера: Тестенини со сирење

Жолт ден

Појадок: Фрапе од 2 дл соино млеко и кришка диња

Ужинка: Грејпфрут

Ручек: Крем супа од тиква, рижото со телешко

Вечера: Омлет со жолта пиперка

Зелен ден

Појадок: Кришка ‘ржан леб, намаз од туна, шолја зелен чај

Ужинка: Зелено јаболко

Ручек: Чорба од брокули, кришка ‘ржан леб

Вечера: Две шницли од грилувано бело пилешко месо, зелена салата

Црвен ден

Појадок: Фрапе од 2 дл млеко и 250 гр малини (може и смрзнати)

Ужинка: Рака бобинкасто овошје

Ручек: Две полнети црвени пиперки, кришка интегрален леб и салата од домати

Вечера: Тестенини прелиени со сос од домати и малку пармезан, шолја чај од хибискус

Овој режим на исхрана нема да ви биде тежок бидејќи го исклучува гладувањето. Ако во текот на денот на трпезата имате намирници само во една боја, ќе јадете многу помалку и побрзо ќе се ослободите од одвишните килограми.

Коментари

Популарно