ФОТО: Сања и Слаткар завеслаа кајак на Дојранското Езеро

Дека Дојранското езеро доживува туристички бум последниве неколку години зборуваат бројките, а дека е се „помонденско“ кажуваат ВИП гостите.

BP__2610

Плажата „Елем-турс“, која се наоѓа во центарот на Стар Дојран, доби свои кајакари! Станува збор за популарната брачна двојка Сања Николиќ и Слаткаристика, кои денес уживаа во убавините на познатата плажа, а имаа можност да ги пробаат и новите кајаци наменети за посетителите. Присутните гости имаа можност да се уверат во веслачките вештини на бившата мисица и на популарниот рапер.

BP__2613

Коментари

Популарно