НАСА крие страшна тајна: Ќе преживеат само одбраните!

Последнава деценија ни се случуваат постојани, досега ретко видени, елементарни катастрофи и на места каде тоа досега го немало. Сончевите експлозии, како што имаме деновиве, станаа почести од било кога порано во нам познатото минато. Постојано се поставуваат прашања: зошто е тоа така, и што ќе биде понатаму. Одговори нема.

Snouden-Spioni-740x320-top

Но најупатените, во високите научни кругови како и големите разузнавачки агенции каква што е НАСА, која се занимава со вселенските промени, го има одговорот кој не се кажува бидејќи во светот би се случила паника која сериозно би го пореметила нормалниот живот и економијата. Поранешниот стручен соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој пребега оттаму откривајќи серија докази за начинот како ЦИА ги следи настаните и комуникациите, деновиве ја откри тајната на НАСА изјавувајќи дека се е познато, оние кои ги имаат информациите се подготвуваат за тие времиња.

Обелоденета е големата тајна која ЦИА ја крие 14 години. Накоро милиони луѓе ќе го загубат животот. Станува збор за сончевите експлозии кои го носат кодираното име „килшот“ (killshot).

Ова го тврди Едвард Сноуден поранешниот соработник на ЦИА.

Документите објавени од Сноуден докажуваат дека уште пред 14 години неговите колеги од ЦИА знаеле дека престојните катаклизми се неизбежни.

Како дел од работата врз овој проект НАСА овозможила достап до сите свои комуникациони системи, а резултатите од спроведените истражувања недовосмислено покажуваат дека сончевите експлозии ќе бидат ужасни, ќе предизвикаат срив на електрониката, ќе настапи остар недостиг на храна и вода, а достап до ресурсите после катаклизмата ќе имаат само државите од елитата кои ќе преживеат во вакви услови со помош на специјални објекти и техника создадена уште од времето на Студената војна и способна да издржи нуклеарен напад тврди „Еsoreiter.ru“ врз основа на информацијата обелоденета од Сноуден.

„На светот нема место за сите, ќе преживеат само избраните!

Коментари

Популарно