И денеска дожд, но од утре...

dozd-12

Денеска е петок, 29 јули 2016 година, 211-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 155 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 56 минути.

Денов трае 14 часа и 33 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 15 минути, а ќе зајде во 15 часот и 48 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник кон крајот на денот и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Коментари

Популарно