ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ отвори експозитура во скопската населба Аеродром

Охридска банка Сосиете Женерал отвори експозитура на нова локација во населбата Аеродром во Скопје со која за своите клиенти и вработени овозможува уште поголема достапност и пријатен и комфорен простор.

13872498_10209750647384983_398344670_n

Експозитурата на Охридска банка Сосиете Женерал, сега сместена на нова, поатрактивна локација на булеварот „Јане Сандански“ бр. 113-А/30., претставува неконвенционален, урбан и модерен простор на површина од 170 м2 за опслужување на население и правни лица, со вклопен нов концепт на просторот за чекање, збогатен со содржини за најмалите посетители.

Коментари

Популарно