Реката Вардар загадена и полна со смет заради изградбата на Панормаското тркало (ФОТО)

Причината за таканареченото барокно езеро кое Скопје го доби среде Вардар е иградбата на Панорамското тркало. Имено, во реката Вардар се изградени три бетонски постаменти, околу нив е натрупано големо количество земја, со што пропусната моќ на реката од 30 метри, сега е намалена на само 10.

скопје

Поради теснецот, зад првата галија кај дирекцијата на ЕЛЕМ, па се до седиштето на Владата на Република Македонија, има речно езеро, кое до утринава се прелеваше.

На влажните пешачки патеки крај Вардар водата, поради браната, надојдениот Вардар од Гостивар, преку Тетово и цел Полог, ѓубрето го донесе среде Скопје, а дел од сметот заврши и пред галиите кои се поставени во реката.

Коментари

Популарно